ОВР Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од струшкото село Делогожда, 24-годишник од селото Поум и 24-годишник од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.
На 27.09.2026 во продажен објект на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, пријавените физички и со метален предмет го нападнале сопственикот и една вработена.


