Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ТЕШКО ПОВРЕДЕНО ШЕСТГОДИШНО ДЕТЕ ВО СКОПЈЕ – Се возело на електричен тротинет управуван од 11-годишник

На 19.10.2026 во 18:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Лек Дукаѓини“ и ул.„Клинска Леса“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишник од Скопје и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил шестгодишен сопатник од тротинетот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.