СВР Тетово поднесе кривична пријава против 33-годишна жена од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ и „запуштање и малтретирање на дете“.
На 05.10.2026 во семејниот дом, пријавената физички ја нападнала нејзината малолетна ќерка, а исто така го запоставувала и нејзиното десетмесечно дете, оставајќи го само и без соодветна грижа.


