Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СТРАШНА СООБРАЌАЈКА ВО ГОСТИВАР: 69-годишник со „шевролет“ удрил во млад пешак, 21-годишникот тешко повреден

На 18.10.2026 во 20:10 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на бул.„Браќа Гиноски“ во Гостивар, патничко возило „шевролет спарк“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 69-годишник од с.Неготино, гостиварско удрило во 21-годишен пешак од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 21-годишниот пешак, констатирани во Ургентен центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.