На 19.10.2026 во 04:35 часот на паркинг простор кај бензинска пумпа покрај патот Тетово–Гостивар, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишија од слобода 36-годишник од с.Неготино, гостиварско.
Тој се сомничи дека на 18.10.2026 околу 19:15 часот во спортска обложувалница во с.Неготино со закана кон вработениот одзел пари од касата.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


