Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

НОЌНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ: Пет лица приведени, меѓу нив и 18-годишна девојка

На 18/19.10.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лица на возраст од 27, 19 и 47 години и 18-годишна девојка, сите од Скопје, како и 32-годишно лице од Германија, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и шише со течност.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.