На 18.10.2026 во 21:10 часот на ул. „Александар Македонски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишија од слобода три лица на возраст од 47, 21 и 43 години, сите од Прилеп, бидејќи го нарушувале јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


