Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СЛАБ ПОЧЕТОК НА ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА – до 9 часот излегле само 2,46 отсто од избирачите

Првите официјални податоци на Државната изборна комисија покажуваат дека излезноста на предвремените избори во Брвеница до 9 часот изнесува 2,46 проценти. Во првите два часа од гласањето своето избирачко право го искористиле 400 граѓани.

Излезноста е пониска во споредба со првиот круг од локалните избори во 2025 година, кога до истиот час гласале 860 избирачи, односно 5,33 проценти. Разликата изнесува 2,87 процентни поени.

Од ДИК соопштија дека гласањето на 24 избирачки места се одвива непречено, без пријавени проблеми до моментот на известувањето. Комисијата во текот на денот ќе објавува дополнителни податоци за излезноста.