Европските лидери одржаа стратешка дебата за проширувањето и повторија дека приемот на нови членки е геостратешка инвестиција во мирот и безбедноста. Сепак, во заклучоците Македонија не е издвоена по име.
Од земјите од Западен Балкан конкретно е спомената Црна Гора, која е најнапредна во преговорите, но ниту за неа не е даден фиксен датум за членство. Македонија, Албанија, Србија, БиХ и Косово не добија индивидуални формулации во документот.


