Centar.mk
СВЕТ

ЛАГАРД: СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА Е ОТПОРНА, НО РИЗИЦИТЕ РАСТАТ – енергијата повторно во центарот

Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард оцени дека глобалната економија покажала поголема отпорност од очекуваното и покрај политичката и трговската неизвесност.

Сепак, конфликтите на Блискиот Исток повторно ги изложуваат енергетските пазари на ризик, а протекционизмот и трговските тензии ја намалуваат довербата. Дополнителен позитивен импулс засега даваат инвестициите поврзани со вештачката интелигенција.