Црногорскиот парламент не успеа да ги усвои уставните измени поврзани со проверката на интегритетот на кандидатите за високи владини функции.
По повеќе паузи и политички несогласувања, расправата е префрлена за понеделник. Прашањето е важно и за напредокот на земјата во европските преговори.


