Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВИОТ КРИВИЧЕН ЗАКОНИК ОДИ ВО БРИСЕЛ – Владата најавува испраќање до крајот на октомври

Текстовите на новиот Кривичен законик и Законот за кривичната постапка се во завршна фаза и до крајот на октомври треба да бидат испратени на мислење во Европската комисија. Според премиерот, работата на текстовите трае подолг период.

Пред испраќањето е предвидено дополнително усогласување на работната група. Од Министерството за европски прашања, според изнесените информации, преводот на материјалите веќе е подготвен.