Centar.mk
СВЕТ

АКО ПАДНЕ УКРАИНА, ЕВРОПА ЌЕ СЕ СООЧИ СО 20 МИЛИОНИ ЛУЃЕ: Зеленски со драматично предупредување

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја има поддршката од европските лидери и ги отфрли информациите дека од него било побарано да го ублажи тонот во разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп.

Зеленски порача дека Украина мора да го брани сопствениот опстанок и предупреди дека евентуалните отстапки кон Москва можат да отворат пат кон пошироко укинување на санкциите и обновување на економските врски со Русија.

Тој повторно го обвини Владимир Путин дека не сака мир и дека целта на Москва е уништување на Украина. Според Зеленски, евентуален украински пораз би можел да предизвика огромен нов миграциски бран кон Европа, при што ја спомена бројката од околу 20 милиони Украинци.

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП СО ПОРАКА ДО ПУТИН – Бара повлекување од воените активности во Европа

ДЕСК

ВАЖНИ ПРЕГОВОРИ ВО БРИСЕЛ – Европските лидери разговараат за буџетот и Украина

ДЕСК

ПЛАНЕТАТА РУШИ НЕСЛАВЕН РЕКОРД – Шест дена со екстремно високи глобални температури

ДЕСК