Centar.mk
фото Општина Илинден
ЛОКАЛНО

Целосно се обновува главната водоводна мрежа во н.м Кадино

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во градежните активности за санација на главната водоводна мрежа во должина од околу 650 метри во н.м Кадино. Во рамки на проектот, старите, дотраени и оштетени водоводни цевки се заменуваат со нови полиетиленски цевки Ф280, со што значително ќе се подобри функционалноста и сигурноста на водоводниот систем.

Градоначалникот Георгиевски истакна дека со реализацијата на овој проект ќе се овозможи континуирано и стабилно водоснабдување, намалување на загубите на вода и одржување стабилен притисок во водоводната мрежа. Како и дека во претходниот период се санирани 1.400 метри од главната водоводна мрежа во Кадино, а со тековната санација на дополнителни 650 метри, целосно ќе биде обновена главната водоводна мрежа во ова населено место.

Со завршувањето на градежните активности ќе се реши долгогодишниот проблем со дотраената водоводна инфраструктура и честите дефекти, со што ќе се обезбеди посигурно, поквалитетно и стабилно водоснабдување за жителите на Кадино.

фото Општина Илинден