Centar.mk
фото/видео ВМРО ДПМНЕ
МАКЕДОНИЈА

Манасиевски: Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лагите

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ:

Барбов, Филипче и Заев целосно се заплеткаа во лаги.

Сакајќи да се извади и да се направи како да не е од тука и не знае што се случува, докторот Барбов обелодени дека целосно го водел случајот противправно.

Барбов, Филипче и Заев, пред да се правдаат, треба да кажат како Барбов, како невролог, дава мислење за хируршки интервенции? Како дал конзилијарна препорака, кога пациентката никогаш не била упатена на лекарски конзилиум, ниту пак поднела барање за конзилијарно мислење? Зошто Барбов, пациентката како пациент после траума, не ја упатил на преглед кај неврохирург или пак трауматолог? Дали Барбов, Филипче и Заев, сакале брзо да го завршат случајот и без никој да знае, да му направат услуга на Радев? Затоа што ако не било тоа случајот, сето ова што го кажавме досега ќе било преземено.

Дополнително, трагикомична е изјавата на Барбов, дека не знаел за каква сообраќајка станува збор, но знаел дека Михаилова имала бугарско осигурување. Барбов, Филипче и Заев, ги поминале своите ингеренции и со препораката за лекување во Бугарија. Точно е дека двете земји имаат билатерален договор, согласно меѓународната конвенција за здравствено згрижување на пациенти, но има правило, кои пациенти и во кој случај добиваат лекарска грижа или лекување во една од земјите за граѓанин на другата држава, а не како што тоа докторот Барбов го направил со упатување.

Барбов, Филипче и Заев, целосно се разголија, и сега се е на чисто, кој каква улога имал.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ