СВР Тетово поднесе кривична пријава против 54-годишник од село Боговиње, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Пријавениот измамил 45-годишник за 2.000 евра, ветувајќи му документи за престој и работа во странска држава. Откако оштетениот преку посредник ги предал парите на пријавениот, а документите не биле обезбедени, сфатил дека бил измамен.


