Собранието денеска ја констатира оставката на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, со што неговиот мандат официјално престанува.
Оставката била доставена на 9 октомври, а како причина се наведени лични причини. Андовски не присуствувал на седницата за дополнително да ја образложи одлуката пред пратениците.


