Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека заминувањето на Ива Михаилова во Бугарија се случило непосредно пред планираното доаѓање на бугарски лекарски конзилиум кој заедно со македонски лекари требало да ги провери нејзините тврдења за здравствената состојба.
Според Клековски, заедничкиот медицински увид би покажал дека нема основа за лекување во странство. Тој најави и разговори со бугарското Министерство за здравство во Софија. Михаилова во меѓувреме доби 30-дневен притвор и по неа е распишана потерница.


