Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДОАЃА НАГЛО ЗАЛАДУВАЊЕ: Дожд, силен ветер и снег на планините, а потоа пресврт за викендот

До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време, кога ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Прогноза за 16.10.2026
Минимална температура: 0°C до 7°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд. На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието.

Прогноза за 17.10.2026
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 21°C

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието ќе биде повремено засилен и ќе надминува брзина од 40 km/h.

Прогноза за 18.10.2026
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 15°C до 23°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК