ЕСМ најави почеток на испораката на топлинска енергија од денес, два дена пред редовниот почеток на грејната сезона на 15 октомври.
Причина е падот на надворешните температури и прогнозите според кои просечната дневна температура се спушта под прагот предвиден за порано активирање на системот.


