На 13 октомври истекува законскиот рок за мерката куќен притвор определена за Артан Груби во предметот поврзан со Државна лотарија. Мерката била определена по поднесувањето обвинителен предлог и, според законските рокови наведени во судската постапка, може да трае најмногу 60 дена во оваа фаза.
Одбраната понудила недвижен имот како гаранција и бара враќање на патната исправа. За пасошот и останатите мерки треба да се одлучува одделно.


