Во Собранието денеска продолжува работата на повеќе комисии. Освен измените на Законот за животна средина, на дневен ред се и промени во Законот за административни службеници.
Предложените измени во администрацијата опфаќаат унапредување, оценување, дисциплинска и материјална одговорност и статусот на службениците во Собранието и регулаторните тела. Дел од предлозите веќе се предмет на амандманска расправа.


