Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПЕТМИНА ВО ТРКА ЗА ОЈО ГОКК: Денеска ги претставуваат кандидатурите

Пет јавни обвинители конкурираат за раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Станува збор за Јован Цветановски, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи.

Постапката се отвора поради истекувањето на мандатот на актуелниот шеф Ислам Абази. Кандидатите денеска треба да ги претстават своите програми пред Советот на јавни обвинители.