Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Се обидел да побегне од полицијата, па проголтал бела прашкаста материја – завршил во болница

На 11.10.2026 во 22:35 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода 36-годишник од Велес. На улица „Благој Ѓорев“ во Велес било сопрено такси возило со кое се превезувал 36-годишникот.

При обид да му се изврши преглед, се обидел да побегне, но набргу бил фатен, при што проголтал бела прашкаста материја и бил пренесен во Општа болница Велес за укажување лекарска помош, а потоа бил приведен во полициска станица.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

БРВЕНИЦА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ГРАДОНАЧАЛНИК – Отворени избирачките места, над 16.000 граѓани со право на глас

ДЕСК

ДРАМА ПРЕД ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – Шестмина млади мажи приведени по напад врз 18-годишник

ДЕСК