Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
-МАКЕДОНИЈА

ТЕПАЧКА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: 29-годишник со тврд предмет повредил 53-годишник

На 11.10.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во угостителски објект на подрачјето на Центар бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 29-годишник и 53-годишник, двајцата од Скопје, а од страна на 29-годишникот бил употребен тврд предмет со кој му нанел повреда на 53-годишникот.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.