Centar.mk
фото Centar.mk
РЕГИОН

МИЦОТАКИС САМ ЈА ПОСТАВИ ЦРВЕНАТА ЛИНИЈА: „Со 25 проценти би било оправдано да ми ја оспорат лидерската позиција“

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис јавно ја постави границата од околу 25 проценти изборна поддршка како резултат по кој би биле оправдани сериозни прашања за неговото политичко лидерство.

Тој истовремено повтори дека целта му е парламентарно мнозинство и стабилна влада, а најави и интервенција кај трошоците за греење поради растот на животните трошоци.