Македонската амбасада во Абу Даби ги повика нашите државјани кои престојуваат во Саудиска Арабија, а особено во Ријад, да покажат максимална будност по влошувањето на безбедносната состојба.
Се препорачува строго следење на локалните протоколи, избегнување ризични места и почитување на забраната за снимање и објавување материјали од нападите. Предупредувањето следува по смртоносниот напад врз аеродромот во Ријад.


