Случајот со двајцата млади лица кои тврдат дека биле тепани при полициска интервенција добива нов развој. Неофицијалните информации објавени доцна синоќа посочуваат дека во фокусот на проверката е припадник на криминалистичката полиција.
МВР, сепак, официјално потврдува само дека Внатрешната контрола ги испитува сите околности и дека засега не е утврдена одговорност ниту е изречена дисциплинска мерка.


