Македонија денеска одбележува 85 години од почетокот на народното востание и антифашистичката борба.
Централната свеченост е најавена на Спомен-костурницата во Куманово под мотото „Идеали што градат иднина“, каде треба да се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Одбележувања има и во Скопје и Прилеп.


