Centar.mk
СВЕТ

ТАВАН СЕ УРНА ВО СУПЕРМАРКЕТ: Десетици повредени во Јужна Кореја

Најмалку 38 лица се здобиле со полесни повреди откако дел од таванот на супермаркет во јужнокорејскиот град Даегу се урнал утрово. Девет лица биле пренесени во болница, а нема информации за критично повредени.

Во објектот во моментот на несреќата имало 66 луѓе и сите биле евакуирани. Полицијата и противпожарните служби го обезбедиле просторот, а причините за уривањето ќе бидат предмет на истрага.