Товарен воз што превезувал жито излетал од шините при влез во станицата Меја во Хрватска. Според првичните информации на железничката инфраструктура, нема повредени.
Машиновозачот претходно го известил диспечерот дека сопирачките не функционираат и дека не може да го запре возот. Единаесет вагони завршиле во провалија, додека локомотивата и два вагони останале во станицата, која е затворена за сообраќај.


