Centar.mk
фото илустрација / аи
РЕГИОН

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО ПУЛА ЦЕЛОСНО ИЗГАСНАТ: Еден пожарникар полесно повреден

Пожарот во рециклажниот центар „Метис“ во Пула, кој избувна во петокот попладне и предизвика густ црн чад над дел од градот, е целосно изгаснат утрово околу 6:50 часот.

Во интервенцијата учествувале 25 пожарникари со 11 возила. Еден пожарникар бил полесно повреден, но по лекарски преглед бил пуштен на домашно лекување.