Centar.mk
РЕГИОН

НОВИ ПРАВИЛА ЗА БАНКИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓаните добиваат поголема заштита при кредити и финансиски услуги

Новиот српски Закон за заштита на корисниците на финансиски услуги носи пошироки права за граѓаните и построги обврски за банките, лизинг-компаниите и платежните институции.

Меѓу новините се можноста клиентот во одредени ситуации да се предомисли, механизми за олеснување на отплатата при непредвидени животни проблеми и поголема транспарентност на условите што финансиските институции им ги нудат на клиентите.