Centar.mk
РЕГИОН

ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГРЦИЈА СТИГНА ДО 5%: Енергијата е меѓу главните двигатели на поскапувањата

Годишната инфлација во Грција во септември достигнала пет проценти, значително повеќе од 1,9 проценти во истиот месец минатата година. Хармонизираниот индекс што го користи Евростат покажува уште малку повисока стапка – 5,1 проценти.

Најголемите годишни скокови се забележани кај природниот гас, маслото за греење, дизелот и бензинот. Анализата на Евробанк како дополнителни фактори ги посочува силната домашна побарувачка, туризмот, недостигот од работници и високата зависност од увозна енергија.

Можеби ќе ве интересира

БРНАБИЌ ГО СООПШТИ РОКОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ – Србија повторно оди на гласање

ДЕСК

СУДСКА ОДЛУКА ВО ЦРНА ГОРА – Поништена смената на Бајрактари

ДЕСК

Разрешени се осум уредници на Радио-телевизија Србија: новиот уреднички тим јавно им се извини на гледачите

ДЕСК