Centar.mk
СВЕТ

МАСОВНО ПУКАЊЕ ЈА ПОТРЕСЕ ПЕНСИЛВАНИЈА: Девет загинати, меѓу нив и две деца

Девет лица, меѓу кои две деца, загинале во масовно пукање во градот Ири во американската сојузна држава Пенсилванија. Полицијата била повикана откако очевидци пријавиле вооружен маж, по што следувала повеќечасовна полициска операција.

Две жени биле пронајдени на улица, а останати жртви во куќа. Осомничениот бил пронајден мртов со повреда која, според првичните информации, самиот си ја нанел. Полицијата засега не соопштува можен мотив и нагласува дека повеќе нема непосредна опасност за населението.