Centar.mk
СВЕТ

БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО ЗАПОРОЖЈЕ ПОРАСНА НА 17: Меѓу загинатите има и три деца

Најмалку 17 лица, меѓу кои три деца, загинале во руски напад врз Запорожје, соопштија украинските власти. Уште 16 лица се повредени, а спасувачките екипи продолжуваат да пребаруваат низ урнатините на погоден станбен објект.

Истовремено, нападите предизвикале проблеми со електричната енергија и водоснабдувањето во Киев. Украинската армија соопшти дека Русија во текот на ноќта лансирала 160 беспилотни летала, додека Москва соопшти дека целела енергетска и воено-индустриска инфраструктура. Дел од тврдењата на двете страни не можат независно да се проверат.

Можеби ќе ве интересира

Поранешен американски дипломат: Трамп му испрати ужасна порака на Зеленски

ДЕСК

Макрон: Европа никогаш не ги прекинала контактите со Москва

ДЕСК

Одмаздата на Путин пристигна: Брутален напад врз Украина

ДЕСК