Анкета на „Маркет вижн“, спроведена за МКД.мк врз 1.200 испитаници, покажува поддршка од 19,3 проценти за ВМРО-ДПМНЕ и 5,6 проценти за СДСМ. ДУИ и ВЛЕН во истражувањето имаат по 4,2 проценти, а Левица четири проценти.
Особено висок е уделот на граѓани кои рекле дека нема да гласаат, не знаат дали ќе гласаат или одбиле да се изјаснат – вкупно 41 процент.
Анкетирањето било спроведено од 11 до 27 септември, со наведена статистичка грешка од три проценти.


