Centar.mk
БИЗНИС

2. НОВА ГРАЃАНСКА ОБВРЗНИЦА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА: Државата повторно ќе бара пари на домашниот пазар

Министерството за финансии подготвува ново издавање граѓанска обврзница, а деталите за каматата, рокот и износот допрва треба да бидат објавени. Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска најави дека до крајот на годината буџетските потреби во најголем дел ќе се покриваат преку домашниот финансиски пазар.

Планирано е и рефинансирање на обврските што достасуваат. Дел од капиталните средства, пак, се пренаменуваат од проекти кај кои тендерите пропаднале или реализацијата доцни толку што парите не би можеле да се искористат годинава.

Можеби ќе ве интересира

Новата законска рамка и дигиталната платформа овозможуваат поедноставно и законско ангажирање сезонски работници

ДЕСК

А1 Македонија со нова припејд понуда: повеќе интернет и поголем избор за корисниците

ДЕСК

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 20 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и франкот

ДЕСК