Градоначалникот на Атина Харис Дукас нареди денеска да не работи училишниот комплекс „Грава“, по претходни пријави за мирис кој потсетувал на гас.
Објектот бил евакуиран и минатиот петок. Две последователни контроли не откриле истекување, но градските власти бараат дополнителни проверки и конечен извештај пред децата да се вратат во училиштата.


