Centar.mk
СВЕТ

ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ПОПУШТА ПРЕД УЧЕНИЦИТЕ: Најавени 3.000 заменски наставници

По десет дена протести и блокади во француските училишта, министерот за образование најави итно распоредување на 3.000 заменски наставници во околу сто средни училишта каде недостигот од кадар е најголем. Предвидени се и дополнителни вработувања.

Протестите се насочени кон недостигот од наставници, преголемите паралелки, состојбата на училишните објекти и долгите наставни денови. Ученичките организации велат дека демонстрациите нема да завршат додека не видат посуштински промени.

Можеби ќе ве интересира

НОВИ ДИПЛОМАТСКИ КОНТАКТИ ЗА УКРАИНА – Локалното примирје кај Олешки под внимателно следење

ДЕСК

ЗАЛИВСКИТЕ ДРЖАВИ БАРААТ ДОГОВОР ЗА МИР – Нов дипломатски обид за спречување војна со Иран

ДЕСК

ТЕШКА ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА – Десетици загинати по судир на два воза

ДЕСК