Centar.mk
фото Општина Карпош
ЛОКАЛНО

Отстранување на хаварисани возила во Карпош 3

Општина Карпош продолжува со редовната акција за подигнување и отстранување на отпадни и хаварисани возила од јавните површини на територијата на општината. Акцијата, која ја спроведува Секторот Инспекторат, во соработка со колективниот постапувач „ГРЕЕН РОАД“ ДООЕЛ – Скопје, започна во реонот на УЗ Карпош 3. Во рамки на акцијата беа подигнати стари отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно биле спроведени соодветни инспекциски постапки.

Со отстранувањето на хаварисаните возила се ослободуваат јавни површини и паркинг-простори, а воедно се придонесува кон подобрување на комуналниот ред и квалитетот на животната средина. Акцијата ќе продолжи во наредниот период, сè до отстранување на отпадните возила за кои се исполнети условите за подигнување.

Општина Карпош апелира до граѓаните на совесно и одговорно однесување и заеднички придонес кон почист, поуреден и побезбеден Карпош.

фото Општина Карпош

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Ново детско игралиште и вежбалница во Градски ѕид, создаваме катчиња за одмор и рекреација

ДЕСК

180 нови дрвја ќе го збогатат зелениот фонд на Карпош

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 луѓе денеска оставија пример што заслужува да го следи цело Скопје

ДЕСК