Centar.mk
фото Општина Центар
ЛОКАЛНО

Асфалтиран дел од улица во Маџир Маало, ја подобруваме уличната инфраструктура во Центар

Општина Центар асфалтираше дел од улицата ,,Маџир Маало“ во населбата, на површина од 352 квадратни метри. Досега жителите на овој потег се движеа по земјена улица, без асфалтиран коловоз.

Покрај асфалтирањето, уредено е и одводнувањето на улицата, со цел да за данема задржување на атмосферските води на коловозот. Со тоа, жителите добиваат подобри услови за движење и полесен пристап до своите домови.

„Од утре започнуваме со асфалтирање на дел од улицата „Истарска“ во Ново Маало. Овие зафати се дел од поширокиот план за реконструкција и обнова на уличната мрежа во Центар, што го ветив во програмата“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар продолжува со уредување и подобрување на уличната инфраструктура, со цел жителите да имаат побезбедни и попристапни улици во своите населби.

фото Општина Центар

Можеби ќе ве интересира

КРАВИТЕ СТИГНАЛЕ И ДО УЧИЛИШНИОТ ДВОР – Крива Паланка поднесе кривични пријави против службени лица

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Зборот е збор – започна реконструкцијата на крак 38 на улицата „Македонско-косовска бригада“ во Шуто Оризари

ДЕСК

КОНЕЧНО ДОБРА ВЕСТ ЗА ШТИП – Саниран и вториот голем дефект, водата постепено се враќа во домовите

ДЕСК