Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдено огревно дрво без документација во велешко, лишени од слобода три лица

На 07.10.2026 во 15:10 часот во село Теово, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка и Отсекот за економски криминал при СВР Велес ги лишија од слобода лице(53) од село Лисиче, општина Чашка, лице(33) од село Горно Врановци, општина Чашка и 57-годишната лице од Велес.

При контрола на терен, кај место викано „Присој“, атар на село Теово, било затекнато товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, натоварено со огревни дрва, од кои дел биле без жиг, а дел со жиг. Другите двајца не поседувале соодветна документација, а дрвата кои биле со жиг биле обележани со службен „чекан“ кој им го дала вработена во ЈП „Национални Шуми“, подружница „Бабуна“ Велес.

Известен бил јавен обвинител, дрвата и останати предмети биле одземени и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можеби ќе ве интересира

Јаревски до опозицијата: Вашата дефиниција за социјална држава е или печатење пари или задолжувања на државата, нашата дефиниција е систем кој генерира економско достоинство

ДЕСК

ЈА ЗАКЛУЧИЛ ВРАТАТА И ИМ РЕКОЛ НА ЖЕНИТЕ ДА БЕГААТ – Необичен случај при полициска интервенција

ДЕСК

Спасовски: За 2027 имаме Буџет кој создава услови за зголемување на продуктивноста и отворање на нови можности за инвестиции, но истовремено ја задржува социјалната компонента

ДЕСК