Во Израел денеска се одбележуваат три години од нападот на Хамас од 7 октомври 2023 година. Првите комеморации започнаа во 6:29 часот, во точното време кога пред три години почна нападот.
Во текот на денот се предвидени меморијални собири во повеќе градови, а преживеаните и семејствата на загинатите организираат централна церемонија во Тел Авив. Во нападот во 2023 година загинаа околу 1.200 лица, а 251 лице беше киднапирано.


