Средношколските и студентските организации во Франција повикаа протестното движење да продолжи и денеска. Во повеќе места утрово повторно има собири и блокади пред образовни установи.
Вчерашните протести собрале меѓу околу 266.000 учесници според Министерството за внатрешни работи и до 450.000 според организаторите. Притисокот врз француската влада расте, а претседателот Емануел Макрон одржал состанок со надлежните министри за ситуацијата.


