Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Петрушевски: Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа

Прес конференција на Бране Петрушевски, заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник:

Филипче молчел за скандалот на Славјанка вреден 37 милиони евра, а проговори откако се скараа.

Додека СДС беше на власт, а Петровска беше министерка, Филипче молчеше. За набавката поскапа за 37 милиони евра се сети дури кога се скараа меѓусебно.

Јавноста заслужува одговори во однос на изјавата на Филипче за, како што тој вели криминалот вреден 37 милиони евра.
Обвинување за криминал од 37 милиони евра не е нешто што се вади од фиока кога ќе се започне партиска пресметка.
Го охрабруваме потегот на Филипче да проговори, но исто така го повикуваме и ЈО да го истражи случајот за кој патем се доставени сите информации до надлежните институции.

Правда мора да има.

фото/видео ВМРО ДПМНЕ