Centar.mk
фото Општина Карпош
ЛОКАЛНО

25 години СОС детско село Македонија

По повод одбележувањето на 25 години од постоењето на СОС Детско село Македонија, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свечениот јубилеен настан. Настанот, под покровителство на претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, беше посветен на мисијата, резултатите и значењето на СОС Детско село во изминатите 25 години, претставени преку песна, игра и уметничка програма.

Во рамки на настанот, градоначалникот Лукровски ја прими и јубилејната плакета доделена на Општина Карпош, како признание за успешната соработка и значајниот придонес во остварувањето на мисијата на СОС Детско село Македонија. Честитки за 25 години посветена и успешна работа, грижа и поддршка за децата.Ниту едно дете да не расте само.

фото Општина Карпош

Можеби ќе ве интересира

УТРЕ БЕЗ СТРУЈА ВО ПОВЕЌЕ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ – Објавени улиците за планираните прекини

ДЕСК

Градот Скопје реализираше темелно чистење на плоштадот „Македонија“, а по долгодишна запоставеност и подната фонтана повторно ќе биде во функција.

ДЕСК

Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

ДЕСК