За време на говор во Небраска, Доналд Трамп изнесе необични тврдења за војната со Иран – за која вели дека е „речиси завршена“ – и сугерираше дека уништувањето на американски град како Лос Анџелес или Сан Диего би претставувало „мала цена што треба да се плати“.
Американскиот претседател им се обрати на поддржувачите во понеделникот на предизборен митинг во Гранд Ајленд, како дел од неговата кампања за ноемвриските избори.
Необични изјави за војната
Говорејќи во „Pinnacle Bank Expo Center“, каде што се појави заедно со гувернерот Пит Рикетс, Трамп рече: „Патем, го уништуваме Иран – тоа го знаете, нели?“
Потоа тој се осврна на можен напад врз американски градови. „Запомнете, што се однесува до војната, таа е само нешто што е вештачки создадено. Ситуацијата е малку напната. Тоа е мала цена за безбедноста на светот. Тие би можеле да уништат еден град. Нека ги уништат Лос Анџелес или Сан Диего. Тоа е многу мала цена.“
Трамп тврдеше дека конфликтот се ближи кон крајот. „Всушност, тој е речиси завршен. Тие секогаш велат дека имаат висок праг на толеранција на болка, но верувајте ми, ќе им треба тоа. Ќе заврши многу брзо, на еден или друг начин“, рече тој./Извор:Makfax


