Општина Илинден од оваа година воведе нова мерка за финансиска поддршка на семејствата со деца кои го започнаа своето основно образование во учебната 2025/2026 година. Со мерката, која беше дел од предизборната програма на градоначалникот Александар Георгиевски, се опфатени над 150 првачиња запишани во општинските основни училишта.
„За секое прваче е обезбедена еднократна финансиска поддршка во износ од 3.000 денари, со цел да се намалат дел од трошоците на семејствата на почетокот на учебната година. Покрај финансиската поддршка, на првачињата традиционално им беа доделени и ранци со училишен прибор.“ – истакна градоначалникот Георгиевски.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реализација на мерки и активности насочени кон поддршка на децата, младите и семејствата, како еден од приоритетите во своето работење, со цел континуирано унапредување на условите за еднакво, инклузивно и квалитетно образование за сите ученици на територијата на општината.


