Centar.mk
ЛОКАЛНО

Инспекцијата во Карпош на терен

Општина Карпош продолжува со редовните инспекциски контроли на терен, согласно утврдениот план за работа на инспекциските служби. Во текот на изминатата недела, контролите се реализираа во попладневните и вечерните часови, во повеќе групи и на критични точки на територијата на општината.

Покрај изречените опомени до физички лица, комуналните редари изрекоа и седум прекршочни налози за неправилно одлагање на отпадот. Инспекциските контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел одржување на комуналниот ред и почиста и поуредна општина.

Општина Карпош апелира до граѓаните совесно и соодветно да го одлагаат отпадот и да придонесат за почиста и поуредна животна средина.

Можеби ќе ве интересира

Целосно реновирани домовите на култура во Текија, Кадино и Мралино

ДЕСК

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СКОПЈАНИ – Објавени најновите резултати од контролата на водата за пиење

ДЕСК

Ветувањето исполнето – Македонска општина им ја зголеми помошта на 5000 денари на пензионерите

ДЕСК